19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија и САД ќе ги одржат првите трговски разговори во нов формат...

Јапонија и САД ќе ги одржат првите трговски разговори во нов формат во јули

Јапонија и САД ќе одржат прв круг билатерални трговски консултации во јули во нов формат договорен во април.

Соодветното договор е постигнат по средбата на јапонскиот премиер Шинзо Абе и американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон вчера, информира агенција „Киодо“.

Во консултациите ќе учествуваат јапонскиот министер за економската и фискалната политика Тошимицу Мотеги и постојаниот трговски претставник на САД, Роберт Лајтхајзер.

Тие се очекува да разговараат за намалување на јапонските царини за увоз на голем број американски стоки, вклучувајќи говедско месо, како и потребата да бидат разгледани и стандардите за безбедност на јапонските автомобили испорачани на американскиот пазар.

Трамп многупати го изрази отворено незадоволство од дефицитот во трговијата со Јапонија, достигнувајќи речиси 70 милијарди долари годишно, и побара од соработниците да развијат мерки за поправање на ситуацијата, потсетуваат агенциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП