24 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНеколку квалитети кои ќе ве направат одличен работник

Неколку квалитети кои ќе ве направат одличен работник

Иако многу истражувања го покажуваат она кое веќе го знаеме, понекогаш поради нив работите ги гледаме од друга перспектива.

Едно од нив е националното истражување кое го спроведе „Ol Partners“ помеѓу 174 работодавци. Истражувањето издвои 8 квалитети кои работодавците најмногу ги ценат кај својот вработен.

1. Тимски играч

Да се биде дел од тимот е приоритет, бидејќи голем број од компаниите се потпираат на работната сила, а и за извршувањето на работните задачи постои голема потреба од меѓусебна соработка.

2. Фокус кон задоволување на клиентите

Вработените би требало да им ги покажуваат на шефовите пофалбите добиени од страна на клиентите. Не претпоставувајте дека шефот знае колку вашите клиенти се задоволни од услугата што сте им ја овозможиле.

3. Мотивација и сериозно работење

Во предизвикувачката економија, работодавците ги ценат вработените кои меѓусебно се мотивираат и оние кои целосно и се посветени на работата.

4. Успешно постигнување на „неколку критични цели“

Ова е причината поради која некој ја добил работата. Постигнувањето на целите е вреднувано повеќе од сите останати придонеси кои сте ги постигнале.

5. Разумно работење

Тука е вклучено пратењето на новите технологии, усовршувањето на своите вештини и професионалното знаење, но и постојаното подобрување на продуктивноста, ефикасноста и профитабилноста.

6. Напорна работа

Иако компаниите со години го практикуваат „паметното“ работење во споредба со „напорното“ работење, работодавците сакаат да видат дека нивниот вработен и е посветен на работата која му ја довериле.

7. Учество во зголемувањето на вредноста на компанијата

Верноста на вработениот е награда и признание за вредноста на компанијата. Во ова, голема улога имаат и самите работодавци.

8. Придонес за подобрување на крајниот резултат

Постојат бројни начини како да се постигне ова, а вклучуваат и помош во зголемувањето на продажбата, намалувањето на трошоците, зголемувањето на приходите, како и корисни предлози и препораки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП