29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуските олигарси заработуваат од Светското првенство и покрај санкциите

Руските олигарси заработуваат од Светското првенство и покрај санкциите

Светското првенство во фудбал во Русија, кое започнува наскоро, се очекува да биде гледано од милиони фанови.

Во подготовките за Мундијалот, Русија потрошила над 11 милијарди долари за инфраструктура, вклучувајќи средства за изградба, реновирање и подготовки на 12-те стадиони и 13-те големи аеродроми.

Од овие 25 важни објекти најмалку 12 се обврзани со луѓе или компании кои во моментов се предмет на санкциите наметнати од САД. Слични инфраструктурни подобрувања често се од клучно значење за успешните кандидати за домаќини на големи спортски форуми и надминати со многу краткорочните трошоци и висината на туристите поврзани со самите настани, пишува „Bloomberg“.

Вкупно 13 Руси и компании поврзани со Светското првенство, се вклучени во листата со санкции на Министерството за финансии на САД во последните четири години во врска со воената интервнеция на Русија во Украина или со наводното мешање во државните претседателски избори. Согласно санкциите, нивните средства се блокирани, а американски лица и компании не можат да прават бизнис со нив.

Најпознатиот од нив е шести најбогат Русин, Виктор Векселберг, кој ги контролира аеродромите во четири градови во кои ќе се играат натпревари, преку неговата компанија „Ренова груп“.

Генади Тимченко, кој е 11-тиот најбогат човек во Русија, пак поседува компании, кои учествувале во изградбата на стадионите во Нижни Новгород и Волгоград. Аеродромите „Шереметиево“ и „Внуково“, како и стадионот „Спартак“, се исто така поврзани со поединци и компании на листата.

Меѓу компаниите со поограничени санкции наметнати во врска со Украина, најпопуларната е „Газпром“, единствениот руски спонзор на Светското првенство. На стадионот во Санкт Петербург му беше дадена отстапка на фудбалскиот клуб Зенит спонзориран од „Газпром“.

Има и осум влијателни руски олигарси кои макар и да не се предмет на санкции во моментов, а беа вклучени во листа од јануари 2018-та година, како потенцијални цели. (Подоцна стана јасно дека оваа листа во голема мера се базира на рејтингот на милијардери според „Форбс“.)

Меѓу запаметените имиња во списокот е тоа на градежниот претприемач Арас Агаларов, чија компанија „Крокус Груп“ учествувала во изградбата на два стадиони за Светското првенство и кој во 2013-та година во Москва му беше домаќин на Доналд Трамп и неговиот натпревар за убавина „Мис Универзум“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП