29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрадежниот сектор го поздравува продолжувањето на мерката 5 отсто ДДВ за продажба...

Градежниот сектор го поздравува продолжувањето на мерката 5 отсто ДДВ за продажба на стан

Градежната комора на Македонија, по повеќе месечни апели за продолжување на мерката за 5 отсто ДДВ за продажба на станбен простор, ја поздравува донесената одлука за предвидените законски измени, со кои се продолжува рокот за оваа мерка заклучно до 2023 година.

„Усвојувањето на барањата на бизнис секторот од страна на Министерството за финансии на Република Македонија, значи поттик за остварување на планираните инвестиции не само за градежните компании, туку и за над 26 други стопански гранки директно поврзани со градежништвото“, изјави Ивица Јаќимовски, претседател на Градежната комора на Македонија.

Тој истакна дека ова е една од клучните мерки за стабилизирање на работата во градежниот сектор. Градежната комора во рамки на своите работни групи, активно предлага мерки за подобрување на состојбата во секторот градежништво.

„Капиталните инвестиции се значајни за долгорочен раст на економијата. Сметаме дека со започнување на активностите и градежната офанзива на неколку делници, како и на предвидените проекти поврзани со железница, гасификација, изградба на нови водоводи и канализации, нови градинки и училишта низ повеќе општини во Република Македонија, тој тренд на негатива ќе се надимине. Потребно е да се постави одредена динамика во која точно ќе се знае обезбедената инвестиција, динамичката реализација, начинот на плаќање, редовно сервисирање во делот на плаќање, редовно извршување на обврските кои се предвидени каде влегуваат и временските услови, рече Јаќимовски укажувајќи дека нема да има пролонгирање на рокови ако сите се придржуваат до динамичкиот план.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП