19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ и даде на Аргентина 50 милијарди долари

ММФ и даде на Аргентина 50 милијарди долари

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе и обезбеди на Аргентина кредит од 50 милијарди долари за програмата „stand-by“ која трае 3 години, објави во министерот за економија на земјата Николас Духовне.

Средствата ќе бидат насочени кон остварување на планот за економски развој презентиран од страна на Аргентина. Во него е содржана целта да се намали инфлацијата до 17% во 2019-та година, до 13% во 2020-та и до 9% во 2021-ва година.

Покрај тоа, властите во Аргентина имаат намера да ги намалат до 2,7% од БДП-то буџетскиот дефицит во 2018-та година. Претходно владата си поставуваше за цел да го скрати дефицитот до 3,2% од БДП-то.

На 8-ми мај аргентинскиот претседател Маурисио Макри побара помош од ММФ во позадина на наглото паѓање на курсот на локалната валута – пезос. Од почетокот на годината, таа загуби повеќе од 25% од својата вредност.

Поради наглото паѓање на курсот Владата на Аргентина призна дека инфлацијата за оваа година ќе биде над планираните 15%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП