26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради брзинско-ридски трки викендов привремено ќе биде затворен патот до Средно Водно

Поради брзинско-ридски трки викендов привремено ќе биде затворен патот до Средно Водно

Дел од улицата „Тодор Александров“, на потегот од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИС) и патот до Средно Водно викендов ќе бидат затворени за сообраќај, поради брзинско – ридски натпревар во автомобилизам, информираат од Град Скопје.

Поради натпреварот „Награда на Скопје Водно 2018“, привремениот сообраќаен режим на овие места ќе важи во сабота од 08 до 16 и во недела од 08 до 15.30 часот.

„Исто така, возилата на автобуските линии кои го поврзуваат градот Скопје и Средно Водно, 25, 25А и 25Б нема да сообраќаат, освен автобуската линија 25 со редовен возен ред по 16 часот во сабота, односно 15:30 часот во недела“, соопштуваат градските власти.

Исто така се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на времено поставениот режим на сообраќај и брзината на возење да ја приспособат на условите на патот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП