19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинескиот трговски суфицит со светот се намалува, но не и со САД

Кинескиот трговски суфицит со светот се намалува, но не и со САД

Како увозот, така и извозот на Кина се зголеми во мај, што укажува дека локалната и меѓународната побарувачка продолжува да се ослободува од несигурноста околу трговскиот притисок од САД, пренесува „Bloomberg“.

Извозот пораснал за 12,6 отсто во мај, објавија царинските власти, што е над прогнозата за раст од 11,1 отсто. Увозот, сепак, скокна за 26%. Така трговскиот суфицит излегува на ниво од 24,9 милијарди долари, што покажува дека се намалува во однос на нивото од 28,38 милијарди долари во април. Сумата е исто така под предвидувањата на аналитичарите за суфицит од 31,9 милијарди долари.

Најголемата земја извозник продолжува да профитира од глобалната побарувачка, а серијата закани и разговори меѓу САД и Кина не успеваат да влијаат на довербата на бизнисот. САД и Кина продолжуваат да разговараат за формата на договорот, а Кина предупреди дека ниту една од преземените обврски нема да биде исполнета, ако претседателот Доналд Трамп ја исполни својата закана да наметне давачки или други трговски ограничувања.

„Особено силните податоци за мај се должат на несигурноста од трговските преговори“, коментира Ајрис Пан, економист во „ING Groep“ во Хонг Конг, која единствено го предвиде точно растот на увозот во анкетата на „Bloomberg“. „Ризиците кон извозот се зголемуваат, па извозниците го забрзаа увозот на компоненти за реизвезување“.

И додека огромниот трговски дефицит на Кина со светот се намали во мај, работите не се исти со САД.

Трговскиот суфицит со САД се зголеми до 24,6 милијарди долари во петтиот месец од годината од 22,15 милијарди долари во април. Ова е речиси целиот трговски суфицит во Кина. Извозот во САД се зголеми за 11,6% во мај на годишна основа, во споредба со порастот од 9,7% во април. Увозот од САД порасна за 11,4% во истиот месец, што е многу побавно од порастот од 20,3% во април.

Вишокот за периодот јануари-мај достигна 104,85 милијарди долари наспроти износот од 92,9 милијарди долари за истиот период од минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП