Според официјалните податоци на Државниот завод на статистика на Република Македонија забележан е раст од 5,1 отсто во земјоделството за првиот квартал, во споредба со претходната година, соопшти Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.
Од таму велат дека во првиот квартал од оваа година, земјоделство шумарство и водостопанство учествуваат со 6,6% во бруто домашниот производ, за разлика од истиот период во 2017 година, кога овој процент изнесувал 1,5.
Според Министерството, високиот раст во областа на земјоделството се должи на повисока откупна цена на земјоделските производи, зголемен извоз на земјоделско-прехрнбени производи, создавање на поволни економски услови за извоз, контрола на увозот на стоки и други фактори.
Големо влијание, велат од таму, имаат и мерките што се преземаат во делот на субвенциите како што е навремена исплата, зголемените субвенции за земјоделците со развоен потенцијал, и мерки за поддршка на млади земјоделци.