17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакрон: Изолационизмот е многу лош за САД

Макрон: Изолационизмот е многу лош за САД

Во пресрет на самитот на Групата седум најразвиени земји во светот, кој утре и задутре се одржува во Квебек, лидерите на Франција и Канада, Емануел Макрон и Џастин Трудо, разговараа за односите со САД и за спорните трговски тарифи.

Лидерите на земјите членки на Г7, ќе се обидат да го убедат американскиот претседател Доналд Трамп да се откаже од царината на увоз на челик и алуминиум од ЕУ и Канада, најавил францускиот претседател, нагласувајќи дека Америка е нивен сојузник.

„САД, секако се голема економска сила. Но, ако продолжат да одат по патот на изолационизам, брутална хегемонија и дистанцирање од себе, својата историја и улога на лидер во меѓународните организации, тоа ќе биде лошо за нив“ оценува Макрон.

Премиерот на Канада, Трудо порача дека американските тарифи се неприфатливи, не само за граѓаните на земјите кои се погодени со нив, туку и за самите Американци.

„Ќе бидеме отворени и искрени во разговорот со претседателот Трамп. И покрај тоа што очекувам на самитот да има несогласувања, се надевам на позитивен исход“ изјавил Трудо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП