26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза го објави Месечниот статистички билтен за мај 2018

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за мај 2018

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.05.-31.05.2018 година вкупниот промет изнесувал 860.952.073 денари и е зголемен во однос на април за 46,64 отсто. Поголемиот промет главно се должи на блок трансакциите.

Класичното тргување изнесува 416.590.612 денари и е зголемено во однос на април за 4.20 отсто кога изнесувало 399.793.604 денари.

Во класично тргување истргувани се акции во вредност од 386.376.980 денари и обврзници во вредност од 30.213.632 денари.

Блок трансакциите за мај изнесувале 444.361.461 денари.

Бројот на трансакции за мај изнесувал 2.299 и е зголемен за 31,52 отсто во однос на април кога изнесувале 1.748.

Најтргувани акции на официјалниот пазар се на Комерцијална банка, следи Алкалоид и Стопанска банка АД Скопје е на трето место.

Месечниот статистички билтен за мај 2018 година можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП