5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ Шведска даде дозвола за гасоводот „Северен поток 2“

И Шведска даде дозвола за гасоводот „Северен поток 2“

Владата на Шведска го одобри барањето на компанијата „Nord Stream 2“ за поставување на гасоводот „Северен поток 2“ во шведската економска зона во Балтичкото Море, пренесоа агенциите, повикувајќи се на агенцијата „Bloomberg“.

Шведската влада ги потврди информациите дека издала дозвола за изградба на „Северен поток 2“.

Пуштањето на „Северен поток 2“ е закажано за крајот на 2019-та година. Гасоводот мора да премине по дното на Балтичкото Море од рускиот брег до брегот на Германија. Протокот на секоја од двете цевки е 27,5 милијарди кубни метри годишно.

Објектот ќе ги заобиколи транзитните земји – Украина, Белорусија, Полска и другите источноевропски и балтички држави. Гасоводот ќе минува низ ексклузивните економски зони и територијалните води на пет земји – Русија, Финска, Шведска, Данска и Германија.

Процесот за добивање овластување во Шведска започна во есента 2016-та година. Одржана беше комплексна оценка за влијанието врз животната средина, што е задолжителен фаза од процесот на добивање на дозвола.

Во Германија и Финска компанијата „Nord Stream 2“ веќе доби целосен сет дозволи за изградба и експлоатација на гасоводот. Процедурите за одобрување од Данска напредуваат според распоредот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП