10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААнѓушев: Заложба на Владата е да го стави во функција комбинатот „Осломеј“

Анѓушев: Заложба на Владата е да го стави во функција комбинатот „Осломеј“

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, денеска со свое обраќање го отвори македонскиот енергетски форум во Струга, при што истакна дека со новиот Закон за енергетиката, кој стапи во сила од вчера, освен што се исполнуваат обврските од договорите со енергетската заедница на патот кон присоединувањето кон Европската Унија, се создава и повеќе простор за работа на сите енергетски компании да работат и да стопанисуваат на пазарна основа.

„Со овој закон се овозможува конкурентноста на енергетскиот пазар, што е чекор кон праксите на западните земји, каде што пазарот на енергенти е целосно либерализиран и се создаваат еднакви услови за настап на него, а конечната придобивка ја имаат граѓаните на Република Македонија“, рече Анѓушев.

Осврнувајќи се на енергетските параметри на Република Македонија, тој посочи дека новиот Закон за енергетиката создава можности за поефикасно производство на електрична енергија од обновливи извори.

„Државата создава услови да ги намали инвестициските трошоци на инвеститорите и ќе ги заврши сите државни работи во делот на урбанизацијата и пренамената на земјиштето за да биде подготвено за инвеститорите со крајна цел да се произведуваат 200 мегавати фотоволтаици“, рече вицепремиерот Анѓушев и дополни дека 200 мегавати инсталирана електрична енергија е повеќе од сè што е инсталирано во земјата во последните 15-20 години.

Говорејќи за македонските енергетски производни капацитети, Анѓушев ја истакна заложбата на Владата да го стави во функција комбинатот „Осломеј“ и да го зголеми капацитетот на производство на најголемиот производител на струја во земјата, РЕК „Битола“, во соработка со менаџментот на ЕЛЕМ.

Вицепремиерот го поздрави домаќинското менаџирање на ЕЛЕМ и одличните резултати кои овозможија АД ЕЛЕМ за само една година да ја намали цената на производството од 41 евро на 38 евра за еден мегават.

На форумот, во организација на Амбасадата на САД во Република Македонија, Владата на Република Македонија, „ЗИП институтот“ и АД „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ), пред присутните претставници од компаниите од енергетскиот сектор се обрати и амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП