20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономскиот раст во еврозоната забави поради глобалната побарувачка

Економскиот раст во еврозоната забави поради глобалната побарувачка

Економијата на еврозоната расте со 0,4% во првиот квартал од оваа година во однос на претходниот квартал, станува јасно од податоците на „Еуростат“, кои ја потврдуваат претходната проценка за забавување на растот во регионот, соопштува „Ројтерс“. За споредба, стапката на раст изнесуваше 0,7% во претходниот период.

Забавувањето на растот во еврозоната се должи на негативниот придонес на надворешната побарувачка, додека потрошувачката и инвестициите на домаќинствата продолжија да растат.

На годишна основа, растот на 19-те земји, дел од валутната унија, исто така, забави на 2,5% од 2,8% во последните три месеци од минатата година. Сепак, резултатите се во согласност со пазарните очекувања.

Извозот на еврозоната се намалува за 0,4% на квартална основа, додека увозот се намалува само со 0,1%, што е знак за забавување во развојот на глобалната трговија.

Во првиот квартал од 2018-та година потрошувачката на домаќинствата се зголеми за 0,5%, додека бруто-инвестициите се зголемија за 0,5%.

Податоците за Европската унија се слични – раст од 0,4% квартално и 2,4% годишно.

Растот во еврозоната е помал отколку оној во САД, каде беше забележан раст од 0,5% во периодот јануари-март, но и таму економијата покажа знаци на забавување во однос на објавените 0,7% во претходниот квартал.

Најголемо зголемување на економијата (меѓу земјите за кои има податоци) во однос на претходното тримесечје е забележан во Латвија и Полска – со 1,6%, следени од Унгарија и Финска – со 1,2%. Естонија забележа намалување на растот за 0,1%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП