
Компанијата „Apple“ според некои информации се подготвува наесен на пазарот да го пушти новиот евтин „iPhone“.


Компанијата „Apple“ според некои информации се подготвува наесен на пазарот да го пушти новиот евтин „iPhone“.
Овој паметен телефон би требало да чини околу 250 евра и секако ќе има послаби спецификации од својот „поскап“ брат.
Аналитичарите наведуваат две причини како потврда дека „Apple“ ќе премине на евтини уреди. Првата е изјавата на првиот човек на компанијата, Тим Кук дека сакаат да направат подостапни уреди, а втората е новите и големи пазари како Бразил и Индија кои бараат поевтини телефони.
Најмногу се говори за тоа каков екран ќе има овој телефон. Од неколку извори пристигна информацијата дека евтиниот „iPhone“ ќе има ретина дисплеј и ќе биде со дијагонала од 3.5 инчи, што значи дека „Apple“ се враќа на „оргиналното“ пакување на телефоните.
Можно е да ја намалат и резолуцијата, која ќе изнесува 960 x 640 пиксели како кај постариот модел. Наместо алуминум и засилено стакло, оваа врезија ќе биде изработена од поликарбонат.
Покрај тоа нема да се продава само во бела и црна верзија, туку сега корисниците ќе можат да изберат од неколкуте понудени бои.