8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: Пристапувањето на Русија кон Г-7 засега е невозможно

Меркел: Пристапувањето на Русија кон Г-7 засега е невозможно

Германскиот канцелар Ангела Меркел ја исклучи можноста за обновување на формата „Г-8“ на водечките индустриски земји, од која Русија беше отстранета, откако го анектираше Крим, пренесоа светските медиуми.

Меркел рече за време на својата прва сесија за одговарање на прашања на пратеници во германскиот парламент – процедурата воведена од создадената во март владејачка коалиција – дека исклучувањето на Русија беше неизбежно. Според неа, сега е невозможно Русија повторно да се приклучи на „Г-7“.

Новата постапка беше договорена од страна на владејачката коалиција и предвидува Меркел да одговори на парламентарните прашања трипати годишно. Досега, во Германија, не е практика на германската влада директно да комуницира со парламентарците на таквите сесии.

Канцеларот беше прашан од пратеник од партија „Алтернатива за Германија“ дали исклучувањето на Русија од „Г-8“ било правилно и дали е добро да се опорави овој формат.

Таа истакна дека земјите кои влегуваат во „Г-7“ се придржуваат кон заедничките вредности, вклучувајќи го и почитувањето на меѓународното право. Според неа, анексијата на Крим од Русија била „очигледна повреда“ на меѓународното право.

Сепак, Меркел се залагаше за одржување дијалог со Русија, вклучително и во поглед на сегашното несогласување.

„Има постојани контакти, има контакти во формата „Г-20“. Треба да разговараме меѓусебно и ние го правиме тоа“, рече Меркел.

Германската канцеларка рече дека очекува „тешки разговори“ на самитот на „Г-7“ во Канада подоцна во оваа недела.

Меркел вети дека ќе вложи напори за да се осигура дека коминикето од форумот нема да падне под договореното од лидерски средби на „Г-7“ и „Г-20“ од минатата година.

Таа истакна дека во меѓувреме САД се повлекле од мировен договор за климата и иранскиот нуклеарен договор, а исто така наметнуваат царини за увоз на алуминиум и челик од свои сојузници. Според неа, ова е доказ за „сериозни проблеми со мултилатералните договори“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП