6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВикендов завршува караванот на забавни натпревари Олимпијада+

Викендов завршува караванот на забавни натпревари Олимпијада+

bitolska

Четвртиот настан од караванот на забавни натпревари Олимпијада+ се одржа викендов во Битола. Караванот беше организиран од Битолска Млекара со цел промоција на активната здрава забава, дружењето и градењето на тимскиот дух пред се кај децата. Ова беше одлична можност голем број на учесници од Скопје, Штип, Струмица и Битола да се забавуваат, да се дружат и освојуваат вредни награди натпреварувајќи се во десет забавни игри.

Викендов во Битола, исто како и претходните три викенда низ градовите каде помина караванот, забавата и пријатната атмосфера на настанот ја надополнуваа познатите  Тони Зен, Викторија Лоба, Виктор Апостоловски и ContruDJ кои како пријатели и поддржувачи на Олимпијада+ имаа задача да ги забавуваат присутните и да ги бодрат натпреварувачите. На настанот посетителите можеа уживаат и во подготвените перформанси на жонглери, илузионисти и огнофрлачи.

Сите заинтересирани на настанот се натпреваруваа во тимови од по три члена, во десет игри и тоа скокање во вреќа, тргање со јаже, стрелање со стрела, куглање, трчање со штафета, бадминтон, собирање  јогурти, сложувалка, нафрлување на мини обрачи и балансирање. Интересот за учество на четирите Олимпијада+ натпревари беше голем, во игрите учествуваа повеќе од 1000 учесници, од кои 144 учесници успеала да добијат некоја од вредните награди кои Битолска Млекара ги обезбеди за најдобрите тимови.

„Горди сме на успехот на караванот Олимпијада+. Ни причинува големо задоволство  што сите учесници им пристапија на натпреварите со голем ентузијазам и радост. Во изминатите четири викенда видовме стотици деца кои даваа се од себе во натпреварите, се забавуваа, се дружеа и си заминуваа од настанот со насмевка на лице, среќни и задоволни од поминатиот ден. Во исто време ги едуциравме и за тоа што значи здрава и балансирана исхрана и колку е значајно редовно да се конзумираат млечните производи. На тој начин сметам дека ја остваривме во целост задачата на Олимпијада+ како проект, да промовира активен и здрав живот, полн со забава и добри навики! – Полексена Ристеска, маркетинг менаџер во Битолска Млекара

Млекара АД Битола е најголемата млекара во Р. Македонија со капацитет на преработка на млеко од над 65 милиони литри годишно која посветува врвно внимание на квалитетот и поседува врвен стандард за управување со квалитетот и контрола на безбедноста на храната – ISO 22000 (интегриран стандард од HACCP и ISO 9001) и стандард за заштита на животната околина ISO 14000. Млекара АД Битола е единствена млекарница во Р. Македонија која поседува извозен број за извоз во земјите на Европската Унија, што е врвен доказ за квалитетот на нашите производи. Од 2007 година Млекара АД Битола е дел од најголемата групација на млечната индустрија на Балканот – Danube Foods Group.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП