13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина понуди да купи дополнително американски стоки од вредност од 70 милијарди...

Кина понуди да купи дополнително американски стоки од вредност од 70 милијарди долари

Кина понуди да купи дополнително американски стоки во вредност од скоро 70 милијарди долари, под услов администрацијата на претседателот Доналд Трамп да ја повлече заканата да наметне давачки за 50 милијарди долари на кинески стоки.

Ова е потврдено денеска од страна на висок претставник на американската влада.

Овој предлог беше направен на третата сесија на разговорите кои минатиот викенд се одржаа во Пекинг. Тогаш имаше средба на кинеската делегација предводена од вицепремиерот Лиу Ху, економски советник на претседателот Си Џинпинг со американските претставници на чело со министерот за трговија Вилбур Рос, соопшти „Волстрит џурнал“.

Овој предлог вклучува дополнителна испорака на соја, природен гас, сурова нафта и јаглен, потврди претставник на администрацијата на Трамп.

„Двете страни не потпишале никаков конечен договор. Засега немаме дополнителни информации“, изјави портпаролот на Министерството за трговија на САД.

На пресконференција кинеското Министерство за трговија потврди дека двете страни разговарале минатиот викенд за конкретни предлози.

„Кина и САД водеа длабоки и конкретни дискусии за одредени сектори на трговската соработка и најмногу за земјоделските производи и енергијата“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за трговија, Гао Фенг.

Запрашан дали станува збор за 70 милијарди долари, тој не го потврди износот.

„Кина има желба да го зголеми увозот, под услов двете страни да продолжат да одат една до друга“, рече Гао.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП