„Nissan Leaf 2“ пристигна во продажните салони пред осум месеци и продолжи по стапките на својот претходник, кој е најпродаваниот електричен автомобил во Европа. До сега на европскиот пазар вкупно се продадени околу 100.000 примероци од моделите „Leaf 1“ и „2“, додека во целиот свет околу 320.000 луѓе го возат овој автомобил.
Првата генерација на моделот „Leaf“ се појави во 2010-та и се продаваше во следните 7 години. Неговиот наследник пристигна во 2017-та.
„Leaf 2“ има електромотор со моќност од 150 ks (110 kW), a максималниот вртежен момент изнесува 320 Nm. Eлектричниот агрегат се напојува со струја од лиуиум-јонската батерија со капацитет од 40 kWh. Максималната брзина е ограничена на 144 km/h, поради рационалната потрошувачка на електрична енергија.
Според американскиот „EPA“ тест, „Leaf 2“ може да мине околу 240 km, пред да се испразни батеријата, додека европскиот тест „NEDC“ проценува автономија во возењето од дури 378 km.
Производителот тврди дека радиусот на движење на овој автомобил со полна батерија е околу 370 km. Батеријата во целост да се наполни потребни се 16 часа, ако се користи приклучок од 3 kW, oдносно 8 часа на оној од 6 kW. Со помош на брз полнач, батеријата може да се дополни до 80% капацитет за само 40 минути.
„Nissan“ соопшти дека од 2010-та, кога се појави „Leaf“, сопствениците на овие автомобили ширум светот поминале преку 2 милијарди km.
Благодарејќи на тоа, според зборовите на јапонскиот производител, емитувани се околу 300.000 тони „CO2“ помалку, доколку „Leaf“ користеше бензинци или дизели од слични класи.