28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија претставена на Автомобилска конференција во Канада

Македонија претставена на Автомобилска конференција во Канада

271ed127a7164a3da109bc1ad82554d3-8954da9117b04127ac750e0e1ca9bd0e-2_t607

Можностите за инвестирање во автомобилскиот сектор во Македонија беа претставени на годишната конференција на асоцијацијата на Канадски Производители на Авто компоненти која се одржа од 5-6 Јуни во Виндзор, Канада.

Директорот на Технолошко индустриските развојни зони, Виктор Мизо заедно со економските промотори од Монтреал и Детроит учествуваа на конференцијата каде Македонија беше присутна со национален штанд.

Како што соопшти соопштението Дирекцијата на ТИРЗ, за време на конференцијата покрај презентацијата на инвестициските можности во Македонија, беа остварени контакти и средби со најголемите канадски производители на авто-компоненти Magna International, Martinrea, Linamar, Valiant, Naemco Group, како и познати американски и германски компании од оваа индустрија.

– И покрај намаленото производство и продажба на возила на европскиот пазар, неколку компании изразија конкретен интерес, побараа подетални информации или најавија посета на Македонија со цел да ги анализираат потенцијалите за диверсификација и локализирање на нивното глобално присуство, стои во соопштението од Дирекцијата на ТИРЗ.

На конференцијата свои обраќања имаа високи претставници од Крајслер корпорацијата, Форд и од Генерал Моторс кои ги презентираа светските трендови во индустријата и дадоа свои видувања за правецот каде ќе се движи секторот на среден и подолг рок.

Свои штандови за промоција исто така имаа Мексико, Тајланд, Јужна Кореа, Германија и Канада. Покрај присуството и средбите за време на конференцијата, ќе се остварат и дополнителни средби со неколку компании во Детроит со кои се водат преговори во напредна фаза за конкретни проекти и отпочнување на производство во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП