1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветска конференција за геотехничко инженерство во Скопје

Светска конференција за геотехничко инженерство во Скопје

„Геотехнички хазарди и ризици: искуства и пракса“ е тема на 16. Подунавско-европската конференција за геотехничко инженерство што денеска почнува во Скопје. Македонија првпат е домаќин на повеќе од 250 научници – геотехничари и инженери кои ќе учествуваат на тридневната светска конференција.

Организатор на конференцијата е Друштвото за геотехника на Македонија, во соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Градежниот факултет, Комората на овластени архитекти и овластени инженери и Инженерската институција на Македонија.

Покровител на конференцијата е претседателот на Република Македонија кој е најавен да се обрати на отворањето на конференцијата.

Конференцијата се одвива под закрила на Меѓународното друштво за механика на почви и геотехничко инженерство (ISSMGE), поддржана и од Меѓународната асоцијација за тунелоградба и подземни конструкции (ITA).

Конференцијата првпат е организирана во 1964 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП