5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСугарески: Имаме решение за деценискиот проблем со водоснабдувањето во Гевгелија

Сугарески: Имаме решение за деценискиот проблем со водоснабдувањето во Гевгелија

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, и градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, денеска извршија увид во изградба на бунарските објекти преку кои ќе се обезбеди дополнително водоснабдување на Гевгелија.

Како што информираат од Министерството за транспорт и врски, станува збор за заеднички проект, кој Општината го реализира во соработка со министерството и ЕУ.

Сугарески денеска истакна дека со проектот се предвидува изградба на два бунара, како и три бунарски објекти, во кои ќе биде сместена комплетна хидромашинска опрема.

„Ова е најзначајниот проект што се реализира во Гевгелија со кој ќе го надминеме деценискиот проблем со водоснабдувањето и засекогаш ќе го решиме проблемот на гевгеличани. Овој проект не е за политички поени, туку е реален проект кој со години го бараат граѓаните на општината и очекуваме да се реализира до крајот на оваа година. Веќе е изграден еден објект, останува за многу кратко време да се изградат и овие два објекта, со што ќе се овоможи преку цевковод водата да се одведе до постојаниот градски водоводен систем“, изјави министерот за транспорт и врски.

Сугарески најави дека е планирана и реконструкција на регионалниот пат Негорци-Гевгелија, како и рехабилитација на други регионални патни правци, со што ќе се овозможи економско јакнење на регионот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП