Санкциите не можат да го спречат развојот на Русија, ниту да ја лишат од нејзиниот суверенитет, изјави рускиот претседател Владимир Путин и порача дека Русија или ќе биде суверена држава или ќе ја нема.

„Не не изненадува постоењето на некои ограничуивања и санкции, не не плаши нас тоа и никогаш нема да не натераат да се откажеме од самостоен, суверен пат до развојот. Тргнувам од фактот дека Русија или ќе биде суверена држава или воопшто нема да биде и рускиот народ секогаш ќе го избираат првото“ рекол Путин во интервју за медиската корпорацијана Кина, во пресрет на неговата посета на таа земја.