29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНеколку горчливи вистини за барањето на работа

Неколку горчливи вистини за барањето на работа

Во процеот на барање на работа е потребно да ги отфрлите лажните претпоставки и преголeмите очекувања. За некоја позиција можеби делувате како совршен кандидат, но тоа не значи дека на разговорот за работа ќе ве дочекаат со раширени раце.

Ова се шестте универзални тешки вистини за кои секој кандидат би требало да биде свесен со цел да избегне разочарување и болни изненадувања во периодот на барањето на ново работно место.

– За да ја добиете работата мора да ги имате потребните вештини и искуство.

– Ако ги имате сите потребни вештини и искуства, тоа не значи дека ќе ја добиете работата.

– Прашањето за очекуваната плата најверојатно ќе се појави уште на првиот разговор, па затоа бидете подготвени, со цел да не бидете непријатно изненадени.

– Работодавците не се заинтересирани за описот на вашата работа претходно, туку за клучните постигнувања во кариерата и начините како сте дошле до нив.

– Работодавците не се заинтересирани со што сте се занимавале во „далечното“ минато.

– Ќе бидете одбиени, веројатно многу пати, дури и за оние работни места за кои мислите дека сте совршени.

– Во нашата околина поверојатно е дека некој кој има пријател, препорака, некаква врска и сл. ќе ја добие работата, без оглед дали вие сте десет пати постручни за тоа работно место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП