4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраинските бизнисмени заинтересирани за инвестирање во Македонија

Украинските бизнисмени заинтересирани за инвестирање во Македонија

 invest-in-macedonia_a

Украинските бизнисмени сакаат да го прошират својот бизнис преку Македонија. Заинтересирани се за инвестирање во земјоделството, хотелиерството и експлоатацијата на минералните суровини.

Нивна бизнис делегација од денеска престојува во Македонија со цел да ги разгледа можностите што ги нуди државата за водење бизнис.

– Бенефициите во Индустриско-технолошките  развојни зони се посебно прифатливи за нив, но заинтересирани се и за други сектори вклучително и за земјоделството особено за откуп на дистрибутивните центри од каде од домашните земјоделци би откупувале земјоделски производи кои би ги извезувале не само во Украина и Русија, туку и во други делови во Европа, изјави министерот за привлекување странски инвестиции Бил Павлевски по денешната средба со украинската бизнис делегација.

Имаат интерес и за изградба на  луксузни хотели за што во текот на денешниот и утрешниот ден ќе ги разгледаат можностите за инвестирање во Скопје и Охрид.

Почесниот конзул на Украина и сопственик на Риксус груп, Василиј Микулин смета дека има огромен потенцијал за соработка меѓу двете држави.

– Односите меѓу Македонија и Украина се развиваат во добра насока. Постои голема симпатија меѓу македонскиот и украинскиот народ и тоа резултира со овие наши средби, изјави Микулин.

Посетата на украинската бизнис делегација на Македонија е резултат на неодамна одржаниот Бизнис форум во Украина на кој беа претставени поволностите што им се нудат на странските инвеститори во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП