27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦаровска: Идната недела почнува преселбата на децата сместени во Демир Капија

Царовска: Идната недела почнува преселбата на децата сместени во Демир Капија

Првите корисници што ќе излезат од Специјалниот завод Демир Капија се децата кои в понеделник се селат во мал групен дом во Неготино, изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која со дел од пратениците го посети заводот.

Таа порача дека овој месец, вкупно седум деца ќе бидат преместени во мали групни домови во кои ќе им бидат обезбедени сите услови и услуги за успешен раст и развој.

„Ова е првиот чекор кон градење похумано општество. Деинституционализацијата е премин од социјална грижа во големи „безлични“ институции кон грижа во заедницата. Со ова овозможуваме развој на социјални услуги по мерка на граѓаните и можност за активно учество на згрижените лица во животот во заедницата“ истакна Царовска.

Министерството за труд и социјална политика даде заложба до 2020 да нема ниту едно дете на возаст до 3 години во институциите и продолжува посветено да работи во таа насока.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП