3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ не очекува договор со САД за време на Г7

ЕУ не очекува договор со САД за време на Г7

Европската унија (ЕУ) не се очекува да постигне напредок во однос на царините врз европскиот увоз на алуминиум и челик, наметнати од САД, за време на престојниот самит на „Г7“ во Канада подоцна во оваа недела. Ова е објавено од страна на високи европски претставници цитирани од страна на „Ројтерс“.

Групата на седумте – САД, Канада, Јапонија, Велика Британија, Германија, Франција и Италија, ќе се состане на 8-9-ти јуни во градот Шарлевоа.

Финансиските лидери на едни од најблиските американски сојузници веќе изразија незадоволство поради одлуката на американската администрација да воведе давачки за увоз на метали, создавајќи услови за жестока дебата за време на самитот.

Во редок израз на поделба меѓу обично смирувачката група на шесте земји во клубот – без САД, објавија заедничко соопштение во кое ги повикуваат американскиот министер за финансии Стивен Манучин да ја пренесат нивната „едногласна загриженост и разочарување“ од царините на претседателот Доналд Трамп.

Претходно оваа недела стана јасно дека поради споровите со Трамп, самитот може да заврши без заедничка изјава.

Планираната конечна декларација на групата од најголемите индустриски земји „виси во воздух“, велат извори од Берлин.

Алтернативно, домаќинот Канада може да презентира „Резиме на лидерите на Г-7“ на крајот од состанокот во петок и сабота.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП