3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВисоките трошоци ја намалија прогнозата на авиоиндустријата за профит во оваа година

Високите трошоци ја намалија прогнозата на авиоиндустријата за профит во оваа година

Профитот на некои од најголемите авио-компании во светот се очекува да се намали во оваа година поради зголемените цени на авионското гориво, како и поголемите трошоци за плати на вработените. Ова е предупредување од страна на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАА), цитирана од „Би-Би-Си“.

Организацијата ја намали прогнозата за добивката во 2018-та година за 12 отсто на 33,8 милијарди долари.

Според „ИАА“ други фактори кои ќе влијаат на секторот, се и зголемените каматни стапки, како и зголемената трговска побарувачка.

За изминатата 2017-та година, авиокомпаниите заработија рекордни 38 милијарди долари и покрај некои еднократни промени.

И покрај намалените прогнози за профит во 2018-та година генералниот директор на „ИАА“ Александар де Јониак изјави дека очекува стабилниот профит да продолжи и во 2018-та година со „солидна профитабилност се задржува во 2018-та година, независно од зголемените трошоци. Финансиските основи на индустријата се силни“, рече тој.

Очекувањата се оваа година трошоците за гориво на авио-компаниите да се зголемат за речиси 30% со просечна очекувана цена на нафтата од 70 долари за барел, за разлика од 54,90 долари за барел во 2017-та година. Претходно „ИАА“, која претставува 280 авионски компании, кои се околу 83% од светскиот сообраќај, прогнозира средна цена за барел од околу 60%.

Де Јониак исто така предупреди дека авиокомпаниите би можеле да бидат погодени од ефектите на „политичките сили, кои помагаат на протекционистичките агенди“, иако не посочи конкретни држави.

„Не сме биле соочени со значително намалување во бројот на патниците или товарите поврзани со трговските војни или протекционистички бариери досега, но ако тие продолжат, тоа ќе се случи“, рече тој за време на прес-конференција во Сиднеј.

Во однос на прогнозите на „ИАА“ по региони европските превозници се очекува да остварат оваа година профит од 8,6 милијарди долари, северноамериканските – 15 милијарди долари, а азиско-пацифичките – 10,1 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП