3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавата денеска се задолжи, утре ќе се раздолжи за истата сума

Државата денеска се задолжи, утре ќе се раздолжи за истата сума

На аукцијата на државни хартии од вредност запишани се 1,37 милијарда денари или 22,24 милиона евра, од кои утре треба да се вратат 22,46 милиона евра за достасани државни хартии од вредност за отплата, соопшти Министерството за финансии. Оттаму соопштуваат дека нема ново нето-задолжување со денешната аукција.

На аукцијата беа запишани едногодишни државни записи без девизна клаузула во износ од 1 милијарда денари, со камата од 1,00 отсто, и 15-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 337 милиони денари, со камата од 3,50 отсто.

Во текот на јуни по основ на претходно издадени државни хартии од вредност достасуваат за исплата 1,8 милијарда денари или 29,9 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП