18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСемејството Ротшилд „владее“ со криптовалутите?!

Семејството Ротшилд „владее“ со криптовалутите?!

Основачот на втората најголема криптовалута „Ethereum“, Виталик Бутерн се обиде да најде одговор на прашањето „дали семејството Ротшилд ги контролира криптовалутите“.

„Дали Ротшилд се толку добро организирани и дали треба да искажеме загриженост“? Се прашува Бутерн, кој пробува да направи анализа на теоријата за наводно „мрачниот“ проект.

Освен за овој проект исто така се шпекулира дека целосниот пазар е контролиран од овие банкари.

Многу малку се знае за „IMMO“, но крипто-заедницата смета дека тоа би можело да биде дигитална монета која се потпира на природни ресурси, како злато или можеби недвижен имот, што автоматски ќе ја направи многу повредна. (знаеме дека на пример, биткоинот, не располага со таков вид на поддршка).

Наводно, целиот проект е контролиран лично од Александар Де Ротшилд, новоименуваниот шеф на „семејната банкарска династија“.

Меѓутоа, анализирајќи подетално, Бутерн дојде до заклучок дека влијанието на Ротшилд врз криптовалутните процеси е преценет.

„Тие се родени само на различни позиции во високото општество на стари пари, теориите дека се моќни се неосновани“, напиша тој.

Имено, во месец декември медиумите пишуваа дека оваа семесјство има навлезено длабоко во светот на биткоинот и другите криптовалути.

Теориите на заговор за контрола над криптовалутите се изведени од 1988-ма година. Кога познатиот економист го објави текстот под наслов „Подготвен за Феникс“:

„За триесет години Американците, Јапонците, Европејците и уште неколку други ќе почнат да плаќаат со една иста валута“, напиша Бутерн.

Според информациите се прептоставува дека „Феникс“ е псевдоним на идната единствена валута со која ќе управува една светска влада.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП