7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворен реновираниот Дневен центар за деца со аутизам во Топанско Поле

Отворен реновираниот Дневен центар за деца со аутизам во Топанско Поле

Денеска беше пуштен во употреба реновираниот Дневен центар за деца со аутизам во Топанско Поле како резултат на заедничка соработка помеѓу Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на град Скопје, здружението на граѓани „Имаго плус“ и ЈУ „Завод за рехабилитација на деца и младинци“ – Скопје.

Во реновирањето на Центарот, во кој се обезбедува психосоцијален третман и поддршка за децата со попреченост и советодавна работа со нивните родители, поддршка даде и приватниот сектор, односно две фирми обезбедија дидактички материјали и играчки за децата што ќе го посетуваат Центарот.

Дневниот центар ќе го посетуваат 90 деца и тие ќе добиваат индивидуализирани услуги од специјални едукатори, логопеди и социјални работници, а тој ќе функционира во две смени од 8.30 до 19 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП