7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната болна точка за целиот свет

Еврозоната болна точка за целиот свет

evrozona2

Еврозоната е слаба точка за светската економија, неа и недостасува локомотива на растот, оцени гувернерот на Националната банка на Австрија (OeNB), Евалд Новотни.

Додека рецесијата во САД е запрена, тоа за жал не важи и за еврозоната, која сеуште е во рецесија, изјави тој.

Националната банка на Австрија за еврозоната во тековната година предвидува намалување на реалниот бруто домашен производ за 0,6 проценти, а за 2014 година зголемување од 1,1 проценти, како и раст од 1,6 проценти во 2015 година.

Рецесијата, според Новотни, ги зафати и земјите во јадрото на еврозоната, како што се Холандија и Финска. „OeNB“ за Германија прогнозира дека во тековната година ќе забележи раст од 0,4 проценти, а за 2014 година раст од 1,9 проценти.

Новотни додаде дека постои надеж негативниот економски развој на средината на годината да го достигне најниското ниво, по што потоа се очекува раст.

Австрија, според „OeNB“, е една од ретките европски држави со позитивен раст, но Новотни за оваа земја очекува намалување во оваа година, па дури наредната година повторно раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП