18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbnb планира услуги, различни од краткорочните наеми

Airbnb планира услуги, различни од краткорочните наеми

Позната како платформа за краткорочно изнајмување на станови, „Airbnb“ почнува да ги проширува своите услуги во насока нудејќи им го на патниците на најдоброто можно искуство.

Парин Мета, директор во „Airbnb“, вели дека кога зборуваме за патување, постојат неколку основни составни делови.

„Имаат дом каде ќе седат, потоа доаѓаат и доживувањата кои сакаат да ги почувствуваат … може да побарате да присуствувате на концерт или да посетите ресторан“, вели тој за „CNBC“.

„Она што се обидуваме да го направиме во реалноста, е да изградиме нешто малку поинаку … се обидуваме да изградиме автентични локални искуства во секој град“, вели Мета, давајќи пример иницијативи во кои локалните жители одат со туристите на водни спортови или на часови по танцување.

Поточно во Токио, Сеул и Бали се набљудуваат слични работи, но тоа е поради фактот дека овие градови се „прилично тешки“ за ориентација од страна на странците, што доведе до тоа локалните жители да ги придружуваат за време на нивниот престој, вели тој.

Според директорот на „Airbnb“, горенаведените опции може да се користат во позадина на фактот дека се повеќе и повеќе млади Кинези почнуваат да патуваат низ целиот свет, како и во нивната земја.

„Можеби луѓето од друг град сакаат да го посетат Шангај за да најдат скриен „дијамант“, а тоа може да им го покажат само локалните жители“, додава тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП