20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАKомуналното претпријатие во Дебар почна со присилна наплата на долговите

Kомуналното претпријатие во Дебар почна со присилна наплата на долговите

Јавното комунално претпријатие ,,Стандард“ – Дебар кое стопанисува со водоводот Росоки – Дебар , одлучи големите долгови што ги имаат институциите, претпријатијата и домаќинствата за неплатени сметки за вода и смет да ги наплати по судски пат и исклучувања.

Директорот на јавното претпријатие, Мазлум Леши изјави дека во моментот на ЈКП ,,Стандард“, корисниците на услугите му должат над 1,3 милиони евра, поради што трпат вработените кои повеќе години добиваат плати, но без да им се подмируваат придонесите за здравствено и пензиско осигурување. И покрај бројните апели, голем е бројот на корисниците кои не ги наплатуваат сметките, а меѓу нив има и бројни институции.

,,Ние се одлучивме наплатите да ги вршиме по судски пат, но и со искчучување на водата“, изјави директорот Леши и додаде дека на оваа мерка управата на претпријатието се одлучила по бројните апели кои не вродиле со плод.

Поради големите долгови што корисниците ги имаат кон ЈКП ,,Стандар“, има проблеми и со одржувањето на машинскиот парк, како и со депонијата која е во тешка состојба. „Советот на општина Дебар, кој е основач на ЈКП, пред извесно време не даде зелено светло за благо покачување на цената на водат“, вели директорот Леши и додава дека моментално дебарчани пијат најевтина вода во Македонија која изнесува само 16 денари по метар кубен.

„Проблемите со водоснабдувањето во летниот предиод се поради злоупотреба на водата за наводнување на зелени површини. Ние веќе презедовме активности за исклучување на таквите корисници од водоводната мрежа“, вели Леши. Со цел да се обезбеди стабилно снабдување на градот со вода особено во летниот период, општината најави изградба на нов резервоар. Советот на општинат, исто така, упати љпел корисниците навремено да ги плаќаат сметките на ЈКП ,,Стандард“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП