18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗУченици на Škodа направија кабриолет Karoq (видео)

Ученици на Škodа направија кабриолет Karoq (видео)

Ученици од стручната школа на „Škodа“ го изработија единствениот единствен „SUV“ кабриолет базиран на моделот „Karoq“ и симболично го нарекоа – „Sunroq“.

Во проектот кој започна пред неколку месеци учествуваа ученици на возраст од 17 и 18 години, кои се школуваат за некоја од седумте професии од областа на производството на автомобили во Чешка.

„Škoda Sunroq“ ги задржа 4-те врати од оргиналниот модел, а покрај тоа што го отстранија покривот од „Karoq“, тие мораа да го преобликуваат и задниот дел од возилото, така што го затворија просторот за багаж:

Овој единствен кабриолет (ќе остане во форма на концепт) за погон го користи оргиналниот 1,5 литарски четирицилиндричен турбо бензинец, а автомобилот е во можност од место до „стотка“ да забрза за 8,4 секунди и да постигне максимални 204 km/h.

Инаку, она не е прв проект од ученици од стручната школа на „Škodа“, со оглед дека во 2014-та го направија „Citigo“ двосед без покрив, во 2015-та гоа беше „Fabia“ пикап, а во 2016-та купето „Spaceback“. Минатата, 2017-та година, задачата беше да направат електрично „баги“ базирано на моделот „Citigo“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП