8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗемјите со најголем капацитет за производство на енергија од ветер

Земјите со најголем капацитет за производство на енергија од ветер

Индустријата за ветерната енергија минатата година додаде повеќе од 52 гигавати, според извештајот на Светскиот совет за ветерна енергија (GWEC).

Кина ја задржува својата позиција на гигант во добивањето на енергија со помош на ветерот, инсталирајќи 19.7 гигавати нови капацитети, додека ЕУ има додедно 15,6 гигавати производствен капацитет. Новите капацитети инсталирани од САД се нешто повеќе од 7 гигавати.

Користејќи ги податоците од „GWEC“, „CNBC“ ги рангираше земјите со најголем вкупен капацитет за производство на енергија од ветер до декември 2017-та година:

10. Италија

Италија има над 9 гигавати електрична енергија од ветер. ЕУ има вкупно 168 гигавати. Од нив, 15,8 гигавати доаѓаат од енергијата од ветер.

9. Канада

Со повеќе од 12 гигавати, Канада има доволно моќ да задоволи повеќе од 3 милиони домови, според Канадската асоцијација за енергетска ветерна енергија.

Минатата година во земјата беа завршени 10 проекти, што претставува 341 мегавати нов инсталиран капацитет. Според здружението, во земјата има над 300 фарми со ветерници.

8. Бразил

Бразил додаде над 2 гигавати електрична енергија од ветер во 2017-та година, според „GWEC“. Во ветерната индустрија во земјата биле вработени 190.000 лица на крајот на минатата година, а Бразил располага со „едни од најдобрите ветерни ресурси во светот“.

7. Франција

Франција објави многу успешна година во 2017-та година, според „GWEC“, инсталирајќи рекордни 1.694 мегавати ветерна енергија. Нејзините вкупни капацитети во оваа област се доволни за да се задоволат 11 милиони домови.

6. Обединето Кралство

Велика Британија е светска сила во енергијата од ветер на отворено море. Според извештајот на „WindEurope“, Велика Британија има „најголемо количество исталирани капацитети за екстракција на ветерна енергија во отворено море во Европа, кои сочинуваат 43% од вкупниот капацитет“.

Генерално, Велика Британија инсталираше 4.270 мегавати во 2017-та година, или пет пати повеќе отколку во 2016-та година.

5. Шпанија

Иако, според податоците на „WindEurope“, Шпанија има инсталирано само 96 мегавати нови капацитети во 2017-та година, земјата е голем играч во секторот за екстракција на ветерна енергија во Европа, иако заостанува само зад Германија по инсталираните капацитети.

4. Индија

Индија објави рекордна година во 2017-та година, инсталирајќи повеќе од 4 гигавати нов капацитет, според „GWEC“.

Оттаму, тие додадоа дека Азија е најголемиот регионален пазар во светот за нови капацитети за енергијата на ветер, со што ја зазема водечката улога веќе 9-тата година по ред.

3. Германија

Германија е водечка земја во Европа за инсталирано производство на енергија од ветер и е рангирана на трето место во светот. Земјата додаде повеќе од 6,5 гигавати во минатата година, што е за 15 отсто повеќе од 2016-та година, според „GWEC“.

2. САД

Пазарот на ветерна енергија има инсталирано малку над 7 гигавати капацитети во 2017-та година. Тексас останува најголем играч во земјата, со над 22 гигавати капацитети на крајот на 2017-та година. Ајова пак добива над 36% од електричната енергија од ветерни паркови, според „GWEC“.

1. Кина

Во својот извештај, „GWEC“ ја опишува Кина како „мотор на растот на светскиот пазар во поголемиот дел од изминатата деценија“. Кина, која е „најголемиот пазар за ветерна енергија од 2009-та година“, има инсталирано 19.7 гигавати капацитети во 2017-та година – огромно количество што е над два пати повеќе во споредба со кој и да било друг пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП