25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Старбакс“ доаѓа во Белград

„Старбакс“ доаѓа во Белград

„Старбакс“ доаѓа во Белград. АмРест Холдингс СЕ, најголемиот оператор на ресторани во централна Европа, најави дека планира да отвори старбакс-локали во Србија. Првиот се очекува наскоро да биде отворен во Белград.

„Првиот старбакс-локал ќе биде отворен оваа година во Белград, градот со долгогодишна традиција на уживање во кафе. АмРест е водечки оператор на старбакс-кафулињата во регионот на Централна Европа, а Србија претставува најнов пазар на кој оваа компанија ќе го отвори првиот локал“, соопшти компанијата.

Компанијата АмРест, која ја отвори својата прва продавница во Прага во 2008 година, сега има 300 кафулиња на „Старбакс“ во Полска, Германија, Чешка, Словачка, Унгарија, Романија и Бугарија. „Старбакс“ е основана во 1971 година во Сиетл, САД. Сега има повеќе од 28 000 локали ширум светот и се смета за најголема светска фирма за пржење и продавање специјално кафе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП