24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ размислува да ги прошири анти-дампинг давачките на кинеските велосипеди

ЕУ размислува да ги прошири анти-дампинг давачките на кинеските велосипеди

Европската унија денеска почна истрага за да одлучи дали да продолжи со анти-дампинг давачките за кинеските велосипеди, откако европските производители изразија загриженост дека азискитот увоз може да го уништи нивниот сектор, пренесоа агенциите.

Европските производители побараа забраната за увоз на велосипеди која истекува во среда, да се прошири за уште пет години.

Серија анти-дампинг мерки на ЕУ ги зголеми тензиите во трговијата помеѓу Брисел и Пекинг во време кога тие се соочуваат со протекционистички мерки на Вашингтон.

Царините за велосипедите, воведени во 1993-та година, во моментов изнесуваат 48,5 отсто и вклучуваат исто увоз од Индонезија, Филипини и други земји, поради сомневање дека кинеските велосипеди се транспортираат низ овие држави.

Тие ќе останат во сила сé додека истрагата на ЕУ не биде завршена – постапка која може да трае до 15 месеци, според Службениот весник на ЕУ.

Здружението на европските производители на велосипеди (АЕПВ – EBMA) ја повика Европската комисија да преземе акција, истакнувајќи дека кинеските производители ќе го зголемаат увозот во ЕУ, ако бидат отстранети ограничувањата.

Според организацијата, таквите акции веќе ги уништиле локалните производители во САД и Јапонија. Таа посочува исто така, дека цените на енергенсите, металот и хемикалиите во Кина не се реални и дека за пресметување на цената на кинеските велосипеди треба да се користат меѓународни индикатори.

Здружението нагласува освен тоа дека извозот на произведени во Кина велосипеди за Европската унија се зголемиле за 15 отсто во минатата година до 1,66 милиони единици покрај царините, додека продажбата на европски велосипеди се намалени за 6 проценти.

Комисијата, исто така, ги проверува кинеските електрични велосипеди по жалбата на „АЕОП“.

Тајванската компанија „Giant“, еден од најголемите светски производители на велосипеди со фабрики во Кина, е погодена во двата случаи. Во декември 2017-та година, таа добила правна постапка за одземање на увозните давачки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП