29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако ќе се оданочуваат приходите на кралското семејство?

Како ќе се оданочуваат приходите на кралското семејство?

Members of Belgium's royal family attend a religious service at the occasion of the National Day in Brussels

Белгија ја усвои реформата со која се предвидува оданочување на приходите на белгиското кралско семејство, за прв пат откако Белгија прогласи независнот во 1830 година.

Новата мерка нема да се применува на приходите на кралот Алберт Втори (79), кој на годишно ниво добива 11,5 милиони евра, бидејќи Уставот не дозволува да се менуваат правилата за владеачкиот монарх, но данок од сега ќе мораат да плаќаат децата на кралот и кралицата Фабиола, вдовицата на кралот Бодуена, претходниот монарх и брат на сегашниот владетел.

Во согласност со сегашниот систем, 53-годишниот престолонаследник принцот Филип добива околу 923,000 евра годишно, но сега наместо таа сума, ќе добива бруто плата од 180,000 евра, која ќе се оданочува.

Парите кои се одвојуваат за неговите вработени и трошоците поврзани за обавувањето на неговата работа нема да се оданочуваат, но тие трошоци детално ќе бидат следени. Неговите сестра и брат – принцезата Астрид и принцот Лоран, ќе добиваат бруто плата во износ од 90.000 евра.

Приходите на кралицата Фабиола претходно во оваа година беа намалени од 1,4 милиони евра на 923,000 евра, а според новите правила преживеаниот сопружник на било кое лице од кралското семјство во првите 10 години ќе добива две третини од средствата кои ги добива наследникот на тронот, а после тоа, ќе добива половина од тој износ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП