12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрвиот квартал во 2018 година е највисок од првите тромесечја во последните...

Првиот квартал во 2018 година е највисок од првите тромесечја во последните 12 години

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев даде осврт за објавените податоци од НБРМ за најголемиот износ од 235 милиони евра на странски директни инвестиции во првиот квартал од 2018 година.

„Ја имам таа чест денеска во име на Владата и на економските ресори да ја објавам веста којашто произлезе од анализата на НБРМ, а тоа е дека првиот квартал во 2018 година е најуспешниот квартал од аспект на директни странски инвестиции од било кој квартал тргнувајќи од 2007 година, последните 12 години. А воедно истиот квартал по странски инвестиции од вкупно 235 милиони евра е поголем од цела 2017 година, а можеме да ја споредуваме и со 2010, 2012, 2014 година. Само првиот квартал во 2018 година е поголем по странски инвестиции од цели години наназад во последните 12 години“, соопшти вицепремиерот Анѓушев.

Вицепремиерот Анѓушев потенцираше дека овој објавен податок е непоборлив факт и одговор на сите неаргументирани напади за економското работење на Владата на Република Македонија.

„Политиките што ги водиме се транспарентни и се одразуваат преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите, промената во Законот за енергетика и сите останати мерки коишто ги преземавме преку Фондот за иновации и технолошки развој полека се препознаени од домашните и странските инвеститори и тие даваат резултат. Тој резултат никогаш нема да стигне преку ноќ, но ќе дојде и бројките резултатот ќе го покажат“, порача вицепремиерот Анѓушев и соопшти дека во Македонија влегуваат две нови странски инвестиции за кои на Комисијата за економски совет се донесени препораки до Владата да ги усвои договорите за државна помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП