29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСончево и топло, попладне дожд и грмежи

Сончево и топло, попладне дожд и грмежи

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло, а попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со засилен ветер и услови за појава на град.

Утринската температура ќе се движи од осум до 16 степени, а дневната од 21 до 31 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, а попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе достигне до 12 степени, а дневната температура до 30 степени.

Локална нестабилност ќе има и во почетокот на наредната седмица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП