18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААнтиамерикански фронт во Г-7 против новите царини за челикот и алуминиумот

Антиамерикански фронт во Г-7 против новите царини за челикот и алуминиумот

Европската унија и Канада упатија строго предупредување до САД за ризиците кои претставуваат за светската економија наметнати од администрацијата на претседателот Доналд Трамп, царина за увозот на челик и алуминиум.

„Французите, Британците и Германците беа напнати“, сумираше францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер по разговорите со колегите од „Г-7“ во Вистлер, Канада. Тој истакна дека сите беа целосно фрустрирани од американските решенија.

„Средбата на министрите за финансии од „Г-7“ во Канада е прилично „Г-6 + 1“, како САД се сами против сите“, го сумираше расположението Ле Мер. Тој истакна дека избегнувањето на трговска војна сега зависи целосно од Американците.

Министерот за финансии на САД, Стивен Мнучин си зел белешка за критиките против неговата земја. Тој, сепак, рече дека прашањето треба да биде оставено за самитот на „Г-7“ закажан за другата недела во Квебек, изјави канадски извор.

Во меѓувреме беше соопштено дека Канада поднела жалба во Светската трговска организација (СТО) против САД поради нивната одлука да воведат царина за увозот на канадски челик и алуминиум.

„Овие царински права наметнати еднострано под изговор дека ќе обезбедат националната безбедност на САД, не ги почитуваат ниту меѓународните трговски обврски (на САД), ниту правилата на СТО“, рече канадскиот министер за надворешни работи Кристија Фриланд.

Во четвртокот администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп реши да не го продолжува привременото исклучување на Канада, Мексико и Европската унија од предложената царина за увозот на челик и алуминиум во износ од 25 и 10 проценти. Како одговор канадската влада одлучи да наметне давачки врз американски стоки за 16,6 милијарди канадски долари (12,8 милијарди долари или 11 милијарди евра) – сума еквивалентна на штетата што Канада се очекува да ја понесе од мерките на САД.

Фриленд побара од „СТО“ да преземе дејства против САД, но да се консултира со САД. Соединетите Држави ги злоупотребуваат должностите за протекционистички цели под изговор за заштита на националните интереси, коментираше таа.

Канада освен тоа ќе побара од Секретаријатот на северноамериканскиот договор за слободна трговија (НАФТА) да формира специјална група за осуда на кршењето на правилата на „НАФТА“ од страна на САД.

Канада, САД и Мексико започнуваат тешки преговори за повторно преговарање, по барање на Трамп, на договорот од 1994-та година.

Вчера претседателот на САД даде до знаење дека е можно да се откаже од „НАФТА“ и наместо тоа да договори одделни трговски договори со Канада и Мексико. Двете страни се многу различни, тврди тој. Трамп, исто така, ја опиша „НАФТА“ како ужасен договор за САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП