4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes се збогува со шумот на моторот (видео)

Mercedes се збогува со шумот на моторот (видео)

Компанијата „Mercedes-Benz“ објави видео што покажува како се движи првиот електричен кросовер на брендот. Во шега, германскиот производител се збогуваше со бучавата произведена од моторот со внатрешно согорување и ја поздрави електричната енергија.

Прототипот „Mercedes-Benz EQ“ беше претставен во есента 2016-та година на Саемот за автомобили во Париз. Концептуалниот „Generation EQ“ доби два мотори со моќност од 408 КС на предните и задните оски. Така, кросоверот забрзува од 0 до 100 km/h за помалку од 5 секунди, и благодарение на батериите од 70 kW / h, километражата која може да ја мине моделот е 500 km.

Првиот електричен модел на компанијата, сепак, ќе биде компактниот „EQA“, чие производство ќе започне во 2020-та година во фабриката на „Smart“ во Франција. Хечбекот ќе развие 268 КС и ќе се натпреварува со „BMW i3“.„Mercedes“ верува дека во 2025-та година ќе можат да понудат 10 целосно електрични модели, кои ќе сочинуваат до 25% од вкупната продажба на брендот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП