26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКлевета! Немам 20 туку 30 милијарди!

Клевета! Немам 20 туку 30 милијарди!

talal1

Саудискиот принц Алвалид Бин Талал го тужеше американскиот магазин Форбс поради клевета, затоа што неговото богатство го процениле на 20, наместо на 30 милијарди.

Бин Талал кој е еден од најбогатите бизнисмени во светот, тврди дека Форбс го потценил неговото богатство за 10 милијарди долари и го сместил на 26-то место на листата за најбогатите лица во светот.

Проценката од 30 милијарди, познатиот бизнисмен, ќе го икачи помеѓу 10-те најбогати лица во светот.

Принцот наведе дека Форбс шири непрецизни и неточни информации и затоа во судот во Лондон тој поднесе тужба за клевета за издавачот на овој магазин и за двајцата новинари кои се поврзани со објавувањето на листата.

„Не ги тужам поради моето богатство туку поради тоа што ја обвинуваат Саудиска Арабија дека е изманипулирана земја, бидејќи нема казина. Ова е неприфатливо“, изјави Бин Талал за Сандеј Телеграф.

Бин Талал тврди дека магазинот нанел штета на неговата репутација и финансиите на неговата компанија „Киндом холинг“.

Неговата компанија ги контролира инвестициите и има удел во „Apple“, „Facebook“ „Twitter“ а сопственик е и на повеќе луксузни хотели во Њујорк и Лондон.

Изненадени сме од одлуката на принцот да го тужи Форбс, особено затоа што тоа го направи во Велика Британија, изјави потртпаролот на Форбс.

Форбс го процени богатството на Алвалид Бин Талал на основа на познатите инвестиции, наместо на основа на вредноста на акциите на неговата компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП