5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБТА: Над 10.000 Македонци аплицирале за бугарско државјанство

БТА: Над 10.000 Македонци аплицирале за бугарско државјанство

Повеќе од 10.000 Македонци аплицирале за бугарско државјанство, пренесе бугарската новинска агенција БТА.

Овие потадоци ги изнела бугарската министерка за правда, Цецка Цачева, која одговарала на пратенички прашања во бугарскиот парламент.

Таа рекла дека во последната година вкупно биле поднесени 17.792 барања за бугарско државјанство кои во најголем дел биле поднесувани од страна на Македонци. Потоа следуваат барањата од државјани на Србија, Молдавија, Турција, Албанија, Израел и Русија.

Министерката истакнала и дека биле разгледани вкупно 16.313 барања, а државјанство било доделено во 9.848 случаи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП