28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОсвен во билетарници, „Скопска“ може да се надополнува и во 45 маркети...

Освен во билетарници, „Скопска“ може да се надополнува и во 45 маркети и трафики

ЈСП Скопје оспособи 45 апарати од Интегрираниот тарифен систем во секундарната продажна мрежа, што значи дека освен во 32 билетарници на ЈСП, „Скопска“ може да се надополнува и на уште 45 локации (маркети, трафики и слично) на најфреквентните места низ градот/општините. Планирано е до среда (6.06.2018) во функција да бидат ставени уште 15 апарати, соопшти јавното претпријатие.

„Сакаме да потенцираме дека ЈСП Скопје уште истиот ден (28.05.2018) кога истече договорот со фирмата мастер-дилер за продажба на нашите услуги почна да ги оспособува апаратите во секундарната продажна мрежа. Во меѓувреме, ЈСП Скопје објави јавен повик до сите заинтересирани субјекти за соработка, што значи дека продажната мрежа ќе се шири. На колку дополнително места ќе може да се купува/надополнува ‘Скопска’ независно од досегашната развиена мрежа, ќе зависи од интересот на субјектите до кои има јавен повик за соработка“, велат од ЈСП.

Од јавното претпријатие очекуваат во скоро време секундарната мрежа за продажба да се прошири за значителен број локации.

„Во случајов, за секој нов склучен договор за соработка со заинтересиран субјект, што практично значи нова локација за купување/надополнување ‘Скопска’, корисниците на нашите услуги ќе бидат навремено информирани преку средствата за јавно информирање, социјалните мрежи, веб-страницата на ЈСП Скопје и слично“, додаваат од ЈСП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП