3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНеколку совети да ја одржите мотивацијата?

Неколку совети да ја одржите мотивацијата?

Кога сте мотивирани полесно ви е да ги обавувате дури и оние работи кои воопшто не ви се интересни. Но постојат периоди во животот кога мотивацијата не може да дојде сама по себе.

Еве како на себе да си олесните да ги сработите со задоволство дури и најдосадните обврски кои ги имате:

– Одредете си за себе награда за добро сработената работа. Ова особено важи за оние ситуации во кои самиот резултат од вашата работа не донесува доволно задоволство, а со самото тоа немате желба ниту да работите таква работа. Но кога знаете дека тоа мора да биде направено, „ветете“ си на себе си награда и на тој начин мотивирајте се.

– Доколку сте во можност дозволете си на себе забава и во текот на работата. Ако ве опушта слушањето на музика – не си го скратувајте тоа. Во ред е да ви биде забавно додека работите, доколку тоа нема негативно да влијае на крајниот резултат.

– Правете паузи во текот на некоја напорна и не премногу интересна работа. Испијте кафе со пријателите, направете ги вашите омилени слатки или нешто што на вас ви одговара. На тој начин си го свртувате вниманието кон себе од обврските кои ве притискаат, а завршувањето на таквите обврски ќе ви биде полесно. Со квалитетната пауза стресот кој доаѓа со работата може да биде целосно елиминиран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП