6 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБерлин ја менува својата позиција за учеството на ММФ во грчката програма

Берлин ја менува својата позиција за учеството на ММФ во грчката програма

Конзервативците на германската канцеларка Ангела Меркел веќе не инсистираат Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) да учествува во спасувачката програма на Грција – значајна промена, која се одразува на загриженоста во врска со барањето на Фондот за олеснување на долгот.

За весникот „Financial Times“ портпарол на парламентарната група за буџетските политики на владејачкиот блок (ХДЗ / ЦСУ), Екхард Рееберг изјави дека „со инсистирање на ММФ за големото олеснување на долгот за Грција – тие зборуваат за трицифрено вклучување, со кое јас имам проблем“.

„Прашањето е дали цената на учеството на ММФ во следната програма не е премногу висока“, рече тој.

Промената на ставот на пратеничката група на владејачкото конзервативна обединување би можело да доведе до олеснување на преговорите меѓу еврозоната и ММФ за време на средбата на „Г-7“ во Канада оваа недела. На состанокот ќе присуствува и директорот ММФ, Кристин Лагард, на која ќе присуствуваат и министрите за финансии на Германија и Франција.

И иако грчката економија се врати кон умерен раст во минатата година, земјата се уште носи товар на долгот во износ од 248 милијарди рвра кои ги должи на еврозоната и ММФ.

На принципиелна основа Фондот се согласува да и обезбеди на Атина ограничена кредитна линија од 1,6 милијарди евра, но во замена сака владите од еврозоната да дадат повеќе јасност во однос на олеснувањето на грчкиот долг, пред да се вклучат финансиски. Германија и некои други северно европски земји се против таква мерка, стравувајќи дека тоа ќе ги вознемири даночните обврзници.

„Прашањето е дали ММФ треба да остане со придонес од едвај 1,6 милијарди евра под услов оваа програма за 86 милијарди евра нема да биде искористена до август“, посочи уште Рееберг.

Сепак германското Министерство за финансии продолжува да инсистира дека учеството на фондот е „неопходно“, три месеци пред планираното излегување на Грција од спасувачката програма ова лето.

Ако не биде постигнат договор на средбата на „Г-7“ до понеделник најдоцна од ММФ предупредија дека може да немаат доволно време да ја активираат и ревидираат својата грчка програма. Некои европски земји како Германија и Холандија, на пример, се подготвени да останат со финансирање на Грција, но без да обезбедат средства.

Во Берлин инсистираат за учество на Фондот од првата спасувачка програма за Атина наваму во 2010-та година. Претходниот германски министер за финансии Волфганг Шојбле успеа да ги убеди германските пратеници дека одобрението на ММФ ќе даде сигурност на програмите во кои се вложени милијарди евра германски пари.

Бундестагот се согласи да ја поддржи тековната програма за финансиска помош за Атина во 2015-та година, под услов ММФ да го продолжи своето учество.

Дел од конфликтот меѓу некои членки на еврозоната и ММФ се должи на разликите за тоа колку одржлив е грчкиот долг, а Берлин и некои други влади имаат оптимистички поглед за растот на Грција, отколку ММФ.

„Ние не се согласуваме со анализата на одржливоста на долгот“, рече Рееберг. „Во моментов ММФ и Европската комисија се далечни позиции едни од други, што се однесува до претпоставките за растот на Грција“, дополни тој, но сепак посочи дека преговорите продолжуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП