ЕКОНОМИЈА

Економскиот национализам води кон војна, изјави Макрон за дополнителните давачки

Францускиот претседател, Емануел Макрон изјави дека одлуката на САД да воведат дополнителни царини на увозот на челик и алуминиум од ЕУ, е незаконска и погрешна.

„Одлуката не е само нелегална туку е и погрешна од многу аспекти“, изјави Макрон.

Францускиот ретседател предупреди дека со оваа одлука САД може да ја затвори вратата за преговорите по други прашања и најави дека ќе зборува со американскиот претседател, Доналд Трамп.

„Економскиот национализам води кон војна“, изјави Макрон, образложувајќи дека САД одговараат на глобалните нерамнотежи со економски и трговски национализам.