26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИ покрај 51 кош на Леброн, Голден Стејт поведе со 1:0 во...

И покрај 51 кош на Леброн, Голден Стејт поведе со 1:0 во финалето на НБА

Кошаркарите на Голден стејт го победија Кливленд со 124 – 114 во првиот натпревар од финалната серија на НБА лигата одигран ноќеска во Оракл Арената во Оукленд.

За победата им беа потребни пет минути од продолжение бидејќи во регуларното време резултатот беше 107 – 107.

Кливленд во тензична завршница пропушти вредна победа и покрај брилијантната вечер на Леброн Џејмс кој постигна 51 кош.

На почетокот гостите поведоа, но Голден Стејт не им дозволи да направат сериозна предност во резултатот, и на полувремето резултатот беше 56:56.

Клеј Томпсон заработи повреда уште во првата четвртина, но за среќа на домаќините таа не се покажа сериозна и тој наскоро се врати на теренот, откако накратко беше прегледан во соблекувалната.

Подоцна пак Леброн Џејмс исто настрада при обид за забивање, добивајќи удар во лицето од Дрејмонд Грин, но и тој успеа да ја продолжи средбата со помодрено око.

Во почетокот на третата четвртина иницијативата ја преземаа „воините“ кои поведоа во резултатот и веќе покажаа постабилна игра на паркетот. Кливленд сепак исто не допушти да заостане сериозно, а на двапати успеваше да ја врати предноста.

Во последната минута Голден Стејт водеше со поен, но одличен пробив на Леброн му донесе фаул и кош и два поени предност за Кливленд.

Имаше прилично контроверзна ситуација во која, наместо фаул во напад на Кевин Дурант, беше досуден фаул на Џејмс во одбрана, а „воините“ повторно го израмнија резултатот. Тогаш Леброн направи неверојатен влез, но Стеф Кари одговори со уште поимпресивен со прекршок и со кош, со кој го одведе тимот со поен напред.

Последниот напад на натпреварот беше за Кливленд, кој си освои фаул, но Џорџ Хил го пропушти второто слободно фрлање, а потоа гостите освоија скок под кошот, но Џеј Ар Смит немаше ориентација добро и не успеа да направи ништо значајно.

Во продолжението, домаќините дадоа неколку тројки и го испратија противникот во нокаут. На самиот крај на натпреварот, Тристан Томпсон беше исфрлен заради лакт во лицето на Ливингстон, а потоа настана мала тепачка на теренот, но страстите беа брзо згаснати.

Стеф Кари беше најуспешен за победниците со 29 поени, 9 асистенции и 6 скока. Кевин Дурант заврши со 26 поени, а Клеј Томпсон постигна уште 24 поени за успехот на неговиот тим.

Леброн Џејмс уште еднаш беше неверојатен за Кливленд, откако постигна 51 поен, но овојпат тие се покажаа недоволни. Тој, исто така, имаше 8 скокови и 8 асистенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП