14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД наметнува увозни давачки за челик и алуминиум за ЕУ, Мексико и...

САД наметнува увозни давачки за челик и алуминиум за ЕУ, Мексико и Канада

САД ќе воведат царина за увозот на челик и алуминиум на најблиските соседи и сојузници, изјави американскиот министер за трговија Вилбур Рос, цитиран од „Wall Street Journal“.

Од петок производите од челик и алуминиум од Канада, Мексико и ЕУ ќе бидат подложени на истите давачки, како и повеќето други земји кои увезуваат во САД, додаде Рос пред новинарите.

Претходно Канада и Мексико беа привремено ослободени од царинските давачки, додека американските официјални претставници преговараа за нова верзија на северноамериканскиот договор за слободна трговија (НАФТА).

„Разговорите траеа подолго отколку што се надевавме“, вели Рос.

Американскиот министер за трговија водеше преговорите со ЕУ, која исто така беше ослободена привремено од царините за трговски договор кој ќе дозволи постојано ослободување на блокот.

Но, САД и ЕУ, во кои спаѓаат повеќето членки на НАТО, не постигнаа договор.

„Продолжуваме да бараме нови разговори со сите овие земји“, рече Рос.

Во март американскиот претседател Доналд Трамп објави царина за челикот и алуминиумот врз основа на закон, кој овозможува поставување на трговски бариери врз основа на размислувања за националната безбедност.

Официјалните претставници на ЕУ тврдат дека увозот од земјите-членки не и штети на националната безбедност и вети дека ќе преземе мерки против извозот на САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП